Состав: 15 – <30% белило на база на кислород, < 5% нејонски сурфактанти, < 5% анјонски сурфактанти.
Својства: Пјур100 Дреин Фри се моќни гранули со природен кислород и активна сода кои ги раствораат наталожените маснотии, сапун и остатоци од храна од цевките. Со создавање моќна пена Дреин Фри ги отстранува сите блокади и наслаги во цевките и лошите мириси, а воедно штити од нови наталожувања и е природен, без мирис и еколошки.
Начин на употреба: За наслаги: Одводот што треба да се исчисти прво исплакнете го со топла вода. Веднаш, додека одводот е сè уште топол, ставете 3-5 дозирани лажички од гранулите (во зависност од степенот на затнување) во одводот и прелијте врз нив околу 200 ml топла вода (не плакнете). Ќе се создаде моќна пена, која треба да се остави да дејствува околу 30 минути, па исплакнете со жешка вода. За потврдокорни наслаги, оставете да дејствува преку ноќ.
Начин на чување: Чувајте ги гранулите затворени и на суво место, недостапно за деца.
Препораки: Користете го средството внимателно, внимавајте да не дојде во допир со кожата или очите. Прочитајте го упатството пред да ракувате со средството.
Пакување: 1 кг.
Нарачката содржи: 1 Пјур100 Дреин Фри + 1 мерна лажичка