Политика на колачиња

Заради системска заштита, секогаш кога ќе ги посетите нашите веб страници, нашиот веб сервер привремено го регистрира вашиот домен и IP адресата на работната станица, заедно со уште неколку технички податоци во врска со сесијата т.е. посетата на веб страниците. Исто така, во одредени случаи ќе запишеме информации во форма на „Cookies“ на вашиот компјутер, со цел да ја приспособиме посетата на веб страниците според вашите потреби и навики. „Cookies“ се мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот на корисникот од страна на веб серверот. Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да бидат искористени само за потребите на Телешоп веб услугата и тоа на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена.
При вашата посета на веб страниците на Телешоп ДООЕЛнема да вршиме прибирање на лични податоци, освен во случаи кога доброволно ќе ги дадете овие информации, на пример, при електронски нарачки, анкети, наградни игри или барања за информации. Личните податоци кои се собираат за време на вашата посета на веб страницата се обработуваат согласно позитивните прописи на Р. Македонија. Притоа, податоците поврзани со вашата картичка или вашата сметка во банка се испраќаат директно до банката преку шифрирана врска. Телешоп ДООЕЛ ниту ги собира ниту има пристап до информациите поврзани со вашата картичка или вашата сметка во банка.