Црниот дроб е втор по големина орган во човековото тело. Благодарение на работата на црниот дроб, се извршуваат голем број функции вклучувајќи: нормално одвивање на метаболните процеси, одбрана на организмот, детоксикација на крвта, складирање на материи, елиминирање на токсините од телото.
Заболувањето на црниот дроб обично се појавува на почетокот без јасни и интензивни симптоми кои понекогаш се припишуваат на други болести. Најчестите заболувања на црниот дроб се поврзани со метаболизмот и штетните материи. Така, луѓето кои прекумерно консумираат кафе, алкохол и цигари, имаат прекумерна тежина, имаат дијабетес или прекумерно користат одредени лекови како парацетамол и хормонски контрацептиви, имаат поголем ризик за развој на болеста.
Следниве симптоми може да се појават со проблеми со црниот дроб:
- промена на бојата на столицата во посветла или бледа
- урината станува темна и има зголемен мирис
- промена на бојата на кожата во жолта со чешање
- задржување на вода во меките ткива и отекување на стапалата, стомакот и рацете
- замор
- слабост
Промените почнуваат да се случуваат првенствено во столицата и урината, а презентацијата на заболување на црниот дроб е жолтица, односно промена на бојата на кожата во жолта.
Состојките кои ги има во Vitasei Liver Complex помагаат во целосна детоксикација на црниот дроб:
Белиот трн е растение од кое се добива група соединенија кои заеднички се именуваат како Силимарин. Силимаринот делува одлично на болести како хепатитис, цироза, жолтица, диајбет и други состојби, што го прави една од најдобрата поддршка на здравјето на црниот дроб.
Артичоката го намалува нивото на холестеролот, липидите и шеќерот, го одмастува црниот дроб, го забрзува метаболизмот и помага во слабеење.
Холинот е клучен за нормална клеточна функција, а особено е посветен на органите како црн дроб, срце, мозок, панкреас, бубрези, мускули – сите овие зависат од адекватна доза на холин. Toj e круцијален за здрав мозок и силна меморија. Ја регулира работата на срцето и го одржува неговото здравје, спречува замастување на црниот дроб, а успева да го подобри и физичкиот перформанс на активните спортисти.